Рома денес го потврди потписот на Амаду Диавара како ново засилување во клубот кој доаѓа од Наполи.

Дваесет и едно годишниот играч потпишал пет годишен договор со италијанскиот клуб за 21 милион евра.

„Тој е играч чиј квалитет е познат во Италија. Задоволни сме што го донесовме во нашите редови. Диавара може да стане важен дел од нашиот проект“ – вели Гуидо Фиенга, извршниот директор на Рома.