Ракометартот на европскиот и македонски ракометен шампион Вардар Тимур Дибиров денеска преки својот профил на „Инстаграм“ се збогуваше со досегашниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо кој ќе биде нов селектор на ракометната селекција на Египет.

Веќе е познато на „кормилото“ на македонскиот првак ќе застане шпанскиот стратег Давид Хосе Писонеро кој доаѓа на местото на Парондо.

„Би сакал да ти кажам благодарам за сè Роберто, ти со голем тренер и фантастична личност“, напиша Русинот.