Поранешниот репрезентативец на Уригвај, Диего Форлан објави дека заминува во пензија од активното играње фудбал.

Форлан ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи од Уругвај кои направиле сјајна кариера во Европа.

Тој се прослави со трансферот во Манчестер Јунајтед каде не се изнаигра па реши да замине. Во полна форма се врати во Вилјареал а клучни голови даваше и во дресот на Атлетико Мадрид.

Форлан во Ла Лига постигна вкупнои 128 гола на 240 натпревари.