Динамо Загреб најевројатно нема да игра на својот матичен стадион „Максимир“ кој е во очајна состојба.

Причина е неодамнешниот земјотрес во Загреб кој направи сериозни отштувања на стадионот кој е привремено вон употреба.

Градот Загреб преку своите служби  ја превзел обврската да ја утврди штетата на „Максимир“ на кој нема да може да се играат натпревари во организација на УЕФА.

Динамо практично нема да може да биде домаќин на својот стадион во Европа, алтернатива е Ријека, Марибор па и Будимпешта.