Фудбалска Европа и Англија пред сè, наголемо шпекулира кој би го заменил Оле Гунар Солскјер доколку Норвежанецот добие отказ кај Манчестер Јунајтед.

Каков главен наследник на Солскјер засега се споменува Антонио Конте, тој е слободен на фудбалскиот пазар, но Италијанецот има еден проблем, не е љубител на праксата да преземе клуб во текот на сезоната.

Сепак, Фабрицио Романо вели дека Конте не би имал проблем да го преземе Јунајтед, ваков клуб не се одбива, друго е прашањето како ќе реагира Кристијано Роналдо?

Засега наводно официјални преговори нема, но не е исклучено до нив да дојде, Солскјер доби шанса за поправен испит против Тотенхем в сабота, со пораз станува извесно дека ќе добие отказ.