Еден од трите наши преставници во квалификациите од Лига Европа, Академија Пандев го одработи последниот а воедно и официјален тренинг пред утрешното соочување со Зрињски Мостар.

Избраниците на Тренчовски, истрчаа на Арената „Тодор Проески“ а дополнително освежување добија од дождот кој доминира во нашата метропола ова попладне.

Натпреварот меѓи Академија Пандев и Зрињски Мостар е закажан за утре со почеток од 19:00 часот. Ова за екипата од Струмица е деби настап во натпреварувањата под знакот на УЕФА.