Пред точно две години во Буенос Аирес, македонскиот каратист Фахик Весели освои бронзен медал на Младинските олимписки игри и го постигна најголемиот успех во историјата на младинскиот спорт.

Неговиот бронзен медал во категорија -61 кг е прв во историјата на настапите на македонските млади спортисти на Младинска олимпијада.

Предводен од селекторот и негов клупски тренер Александар Кузмановски, Фаик најпрвин избори норма за Буенос Аирес, како европски јуниорски вицешампион и второрангиран на светската ранг листа на WKF и тоа во две тежински категории.

Во Буенос Аирес имаше место само за најдобрите осум во светот, а таму Фаик беше единствен претставник од европскиоот континент. Успеа да постигне две победи, против Тело од Аргентина со 6-0 и Хамад од Јордан со 2-1 и загуби од Ал Асири од Саудиска Арабија со 1-4.

Во меч за пласман во финалето при 0-0 со Јамаока од Јапонија беше дисквалификуван и го освои бронзениот медал. На младите каратисти и на нашите претставници Весели и Кузмановски медалте им ги честита лично претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, заедно со претседателот на Светската карате федерација, Антонио Еспинос.