Популарниот интернет портал Goal, со 1,19 милиони следбеници само на твитер, состави две селекции. Во едната ги смести најдобрите од тие кои ја освоија Лигата на шампионите, додека другата е составена од фудбалери кои никогаш не го подигнаа највредниот клупски пехар.

Репрезентација од фудбалери кои ја освоија Лигата на шампионите: Касиљас, Пујол, Неста, Малдини, Рамос, Чави, Џерард, Иниеста, Зидан, Меси и Роналдо. Резерви: Тери, Лам, Сидорф, Рој Кин, Раул, Роналдињо и Анри.

Репрезентација од фудбалери кои не ја освоија Лигата на шампионите: Буфон, Кјелини, Канаваро, Замброта, Турам, Виеира, Тоти, Марадона, Батистута, Ибрахимовиќ и Роналдо. Резерви: Матеус, Балак, Роберто Баџо, Веа, Кантона, Ван Нистелрој и Недвед.