Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски уште еднаш покажа дека знае како да се забавува, ги покажа своите лудости, по кои е познат во македонската репрезентација, но и во својот клуб, премиерлигашот Лидс.

Пред денешниот тренинг во Букурешт, Џани реши да кажеме во наводници да украде полициско возило и да се фотографира од возачкото седиште.

Покрај она што сите вака го познаваме нашиот Алиоски, ова е доказ за одличната атмосфера која владее во македонскиот табор, а беше потврдена и порано денеска откако можевме да чуеме како нашите херои се забавуваат со гласна музика при ручекот.