Капитенот на Македонија, Горан Пандев имаше доволно време да се одмори од напорниот натпревар со Грузија но и да се подготви за престојниот предизвик со Џенова во Серија А.

Во недела од 18 часот, Џенова гостува кај Удинезе во натпревар од 8 коло во Калчо лигата.

Според „Газета Дело Спорт“, Пандев ќе биде дел од почетниот состав на гостите додека кај Удинезе, Илија Несторовски шансата ќе ја чека од клупата за резерви.