Три натпревари од 4. коло во Серија А денес на програмата, Горан Пандев со Џенова ја пречекува Фиорентина од 15 часот, што прв од трите натпревари.

Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Горан Пандев од клупата за резерви ќе го започне мечот попладнево, ова според најавата на средбата на Газета Дело Спорт.

Џенова во моментот е на 13 место со 3 бода од три средби, Фиорентина е на 8 позиција со две победи и еден пораз, и без одигран нерешен натпревар.