Македонскиот репрезентативен напаѓач, Влатко Стојановски повторно е на клупата за резерви на Ним. Во стратниот состав за денешната пресметка со Бордо на позицијата на Стојановски е повикан харис Џулевиќ кој го замени во минатото коло на средбата со Мец.

Ним денеска атакува на трета овосезонска победа во Лига 1 против петопласираниот Бордо кој нема пораз на последните четири натпревари во најсилното фудбалско првенство во Франција.