Лукас Ернандез има рок до 19 октомври да ги реши сите свои проблеми со законот, во спротивно ќе мора да  да оди на  издржување на затворска казна.

Мадридскиот суд побара од  ѕвездата на Баерн доброволно да се јави во затвор со цел да ја одработи казната поради тоа што ја прекршил забраната која судот му ја одреди кон неговата поранешна партнерка.

Ернандез патувал во Мајами, заедно со својата партнерка, тие споделиле и фотографии од патувањето со кое докажуваат дека се венчале во Лас Вегас, игнорирајќи ја забраната за приоѓање.

Ернандез на 19 октомври ќе биде службено известен дека мора да оди во затвор на шест месеци доколку во меѓувреме не го реши правниот спор.