Фудбалерот на Лестер, Хамза Чудури, инкaсира неверојатни 50.000 фунти за две кучиња кои пред се ќе служат како обезбедување на неговиот имот.

Асот на Лестер Сити на ваков потег се одулчи откако пред неколку дена Деле Али беше ограбен во својот дом од разбојници.

Девојката на Чудури објави слика од белгиски Малиноис и германски овчар, кои ќе бидат еден вид заштита за домот на Хамза.

Оваа раса на кучиња претходно ја купија и Рахим Стерлинг, Маркус Рашфорд и Џеси Лингард.