Еден навивач падна од трибината на „Пољуд“ во Сплит, нема информации во каква состојба е, пренесува „index.hr“ . Хаосот кој се случи по елиминацијата на Хајдук од непознатата екипа од Малта, Гзира Јунајтед предизвика многу проблеми.

Стадионот „Пољуд“ остана и без  50. столчиња кои хулиганите  ги искорнаа, се обидоа да се пресметаат и со полицијата но и да упаднат во ложата каде беше сместено раководството на Хајдук.