Реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите, меѓу екипите на Валенсија и на Аталанта, поради коронавирусот се игра пред празните трибини на „Местаља“.

Бројни навивачи на Валенсија се собрани околу стадионот, за да ја поддржат својата екипа, но еден навивач има и на самите трибини. Тој е тука не само за денес, туку ќе остане за секогаш.

Се работи за статујата на Висенте Наваро Апариси, долгогодишниот навивач на Валенсија, кој почина во 2017 година и кој одел на натпреварите и кога остана слеп. Клубот, поради неговата верност, за секогаш му го посвети седиштето број 164 во 15. ред на Централната трибина.