ПСЖ потврди дека Тиаго Силва и Единсон Кавани го напуштаат клубот на крајот на сезоната.

Потврдата од францускиот шампион ја добил италијанскиот новинар Фабрицио Романо од спортскиот директор на клубот Леонардо.

Договорите на двајцата играчи истекуваат на 30 јуни, по што тие ќе станат слободни на пазарот.

Силва (35) одигра 30 натпревари за ПСЖ во сезоната 2019/20 и постигна еден гол со една асистенција, додека 33-годишниот Уругваец Кавани има 22 натпревари, седум гола и три асистенции