Поранешниот голман на Челси, Марсин Булка, доживеа сообраќајна несреќа во која за среќа не настрада тој, но настрада неговото Ламборџини од 200.000 фунти, кое го имаше изнајмено.

Несреќата се случи во неговиот роден град Визоград во Полска, а според англиските медиуми до несреќата дојде, откако тој се обидувал да претекне друга кола на кривина, по што се превртил.