Наполи во недела му гостува на Спал, средба од 9. коло во кало лигата. Тимот од Неапол е голем фаворит на овој натпревар но ќе го започне без Елиф Елмас.

Според „GazzettadelloSport“ која ретко греши, Елиф Елмас ќе чека шанса за настап на овој меч од клупата за резервни играчи.

Продолжува трендот на Карло Анчелоти македонскиот репрезентативец да го става во игра во второто полувреме. Оваа средба в недела започнува од 15 часот.