Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас е меѓу 50-те млади талентирани фудбалери на кои фудбалска Европа ќе треба да внимава во периодот кој следи.

Ова го објави УЕФА со објаснување дека нашиот репрезентативец поради импресивните настапи во дресот на Фенербахче успеал да го привлече вниманието на Наполи и на Карло Анчелоти.

Изборот го направија репортерите кои работат за УЕФА во Европа.

Елмас (Наполи) заедно со Несторовски (Удинезе), Пандев (Џенова) и Кулушевски (Парма) ќе игра во новата сезона во Серија А.