Еден од најугледните спортски весници во Италија, „Газета Дело Спорт“  пред два дена тврдеше дека Елиф Елмас нема да биде дел од почетниот состав на Наполи за денешната пресметка со Милан во Серија А.

Во меѓувреме промена на информацијата, поинаква формација и друг избор на играчи на Ангечоти. Сега Елмас е во почетните 11 и е поставен на позиција десно крило во 4:4:2.

Милан вечерва од 18 часот го дочекува Наполи во натпревар од 13 коло во Серија А.