Џенаро Гатузо ќе може да смета на Елиф Елмас за викенд пресметката со Каљари. Македонскиот репрезенативец ја одлежа суспензијата од еден натпревар (дуел кој Наполи го загуби од Лече со 3:2), и повторно е во конкуренција за настап.

Според „Газета Дело Спорт“, нашиот репрезентативец нема да биде дел од почетните 11 на Гатузо, шансата одново ќе ја чека од клупата за резерви.

Елмас на последните десет натпревари за Наполи одигра 226 минути и постигна еден гол. Наполи во недела ќе му гостува на Каљари во натпревар од 24 коло од Серија А.