Италијанскиот новинар Матео Педроси ја потврди сумата која Наполи ќе му ја плати на Фенербахче за трансферот на Елиф Елмас.

Според објавата на Педроси на Твитер, Фенербахче ќе заработи 19 милиони евра од кои 16 ќе ги добие веднаш а 1,5 милиони евра откако Елмас ќе одигра 50 натпревари во синиот дрес и 1,5 милиони евра од следниот евентуален трансфер.

Фенербахче го доби Елиф Елмас за 180 000 евра на име на тренинг компензација пред дво години кога го ангажираше од Работнички. Ова значи дека турскиот прволигаш ќе има заработа од 105 пати поголема од цената по која го купија во 2017 година.