Елиф Елмас е нов играч на Наполи, ова го тврди „calcionapoli24.it“ кој на насловната страна информира дека „дијамантот“ од Фенербахче доаѓа за сума од 15 милиони евра плус бонуси од 3 милиони.

Елмас ги догворил личните услови и утре ќе биде на медицински прегледи по кои и официјално ќе стане нов играч на тимот од Неапол.