Вториот ден од викендот носи богата понуда од италијанското Калчо, за нас важни се три натпревари, онаму каде што очекуваме успешни настапи од нашите репрезентативци.

Интер ја дочекува Џенова од 15 часот во ова 24 коло, Горан Пандев е најавен меѓу резервистите за гостинот во дуелот против неговиот поранеш клуб.

Во истиот термин, Удинезе предводен од Илија Несторовски во нападот ја дочекува Фиорентина со амбиција за седма овосезонска победа.

Наполи пресметката со Беневенто на „Диего Армандо Марадона“ ќе ја игра во терминот од 18 часот, Елиф Елмас е најавен во почениот состав на Џенаро Гатузо.

Standings provided by SofaScore LiveScore