Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас се очекува да биде дел од почетниот состав на Наполи за утрешното дерби против Милан на „Сан Паоло“ во 8 коло од Серија А.

Според „Газета Дело Спорт“, Елмас е во добра форма, нема последици од повредата во Скопје и ќе биде стартер во тимот на Гатузо каде што се враќа и Бакајоко.

Милан е лидер во Серија А по 7 кола со 17 бода, три помалку има Наполи на третото место.