Џенаро Гатузо има се поголема доверба во Елиф Елмас, македонскиот репрезентативец е најавен во почетниот состав кај Наполи против Бреша.

Наполи гостува кај Бреша во 25 коло во калчо лигата, ова е прв натпревар од оваа рунда во Италија. Елмас средбата според „GazzettadelloSport“ ќе ја започне од првата минута, средбата утре (петок) се игра од 20-45 часот.