Елиф Елмас од клупата за резерви ќе го започне мечот против лидерот во Серија А, во Неапол гостува Интер предводен од Ромелу Лукаку.

Газета Дело Спорт го „седна“ на клупата Елиф Елмас, според најавата на престижниот италијански весник, македонскиот репрезентативец средбата против Интер ќе ја започне од клупата за резерви.

Дуелот меѓу Наполи и Интер на „Диего Армандо Марадона“ стадионот започнува од 20:45 часот.