Елиф Елмас ќе биде во почетниот состав против Торино на „Сан Паоло“, ова го тврди во највата за мечот престижната „GazzettadelloSport“.

Македонскиот репрезентативец е одморен, не доби можност за настап неделава во Лигата на шампионите, Џенаро Гатузо ќе му даде шанса од првата минута на средбата која започнува од 20-45 часот.

Илија Несторовски повторно од клупата за резервни играчи ќе чека шанса за настап кај Удинезе  кој  се среќава со Фиорентина од 18 часот.