Наполи го пречекува Торино, Удинезе се среќава со Фиорентина на „Фриули“ во Удине, двајцата наши репрезентативци, Елиф Елмас и Илија Несторовски во различни улоги на утрешните средби.

Елмас е најавен во почетниот состав за Наполи против Торино на „Сан Паоло“, не настапи во Лигата на Шампионите и сега добива можност во Серија А.

Илија Несторовски повторно од клупата за резервни играчи ќе чека шанса за настап кај Удинезе  кој утре се среќава со Фиорентина.