Македонскиот репрезентативец се соочува со првата мини криза по неговиот трансфер во Наполи. Карло Анчелоти одлучи трет натпревар по ред да го остави Елиф Елмас на клупата за резерви.

Наполи вечерва му гостува на Салзбург во 3 коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Елмас последен пат играше за Наполи за мечот со Генк на 2 октовмри. По ова следуваат дуелите со Торино и со Верона на кои тој остана на клупата без да добие ниту една минута.