Како што тврди „Sky Sport Italia“ разговорите меѓу Наполи и Фенербахче продолжиле  и следните 24 часа се клучни за договорот меѓу двата клуба.

Наполи ја зголемил понудата на 16 милиони евра плус бонуси, викендов преговорите  ќе финишираат и се во критична фаза, или ќе има договор  или преговорите ќе завршат.

Клучно во разрешницата на ситуацијата „Елмас“  е продажбата на Марко Рог од Наполи во Ајнтрахт Франкфурт, ако ова се заврши брзо тогаш и македонскиот репрезентативец наскоро ќе стане член на Наполи.

Фенербахче не попушти досега од првичното барање, 20 милиони евра за Елиф Елмас, клубот од Неапол нудеше 13 милиони плус бонуси, сега понудата е зголемена на нови 3 милиони тврди „Sky Sport Italia“.

Елмас веќе подолго време е во фокусот на вниманието на многу клубови но нема засега ништо конкретно, Интер, Тотенхем, Фиорентина па  Милан покажаа интерес за „дијамантот“ од Македонија.