Елиф Елмас в сабота ќе оди на медицински прегледи кај Наполи, ова го тврди „Sportitalia“ кој најавува дека трансферот е извесна работа.

Според  овој извор, Марко Рог има нов клуб и се ослободува место за Елмас. Наполи на Фенербахче ќе му исплати 15 милиони евра плус бонуси.

Најави за трансферот на Елмас во Италија имаше многу, досега не се покажаа како точни, оваа последна информација од „чизмата“ е наводно 100% сигурна.