Челниците на Ливерпул планираат нова надградба на стадионот „Енфилд Роуд“ како би се зголемил капацитетот на стадионот.

Неодамна легендарниот „Енфилд“ беше проширан за нешто повеќе од 10.000 места и сега тој собира 54.074 гледачи, но идејата е тој за две години да има капацитет од 61.000 места.

Ваквата реконструкција Ливерпул ќе го чини 60 милиони фунти. За втората фаза од проширувањето на стадионот се чека одобрение од градот.

Ливерпул моментално е лидер на табелата во Премиер Лигата, со 24 победи, едно реми и 73 освоени бода.