Овогоденешниот финалист од фудбалскиот Куп на Македонија продолжува со промените во екипата пред новата сезона и настапот во квалификациите за Лига Европа.

Од денеска нов старо-нов член во составот на Александар Таневски е Ермедин Адем кој се враќа во Ѓорче од Ренова.

„Се вратив дома! Среќен сум што сум повторно во Ѓорче, во добро позната средина и едвај чекам да го дадам својот максимум и да му помогнам на клубот во исполнување на следните предизвици.“ – изјави Адем за клупскиот сајт.