Еурофарм Пелистер има негатива од  три гола (14-11) по првиот дел на гостувањето кај Рајн Некар во својот трет натпревар во ракометната Лига на Европа.

Двете екипи играа гол за гол во воведните 10 минути, по што германскиот тим со мини серија се одлепи на 8-5, одржувајќи ја предоста од три гола до крајот на полувремето.

Најефикасни кај македонскиот тим се Велковски и босанскиот интернационалец Периќ со по три голови.