Управата на Евертон може да започне со реализација на проектот, нов стадион на пристаништетот на Барамл Мор откако локалната власт во Ливерпул дала дозвола за изградба.

Новиот стадион на Евертон треба да има капацитет од 52 888 столчиња, проектот беше промовиран минатиот септември а одобрен денеска.

Според првичната најава, новиот стадион треба да биде готов најдоцна до јуни 20224 година а целиот проект да чини околу 500 милиони фунти.

Идниот удел со новиот стадион на Евертон во локалната екомомија во градот Ливерпул се проценува околу 1 милијарда фунти заедно со 15 000 работни места и 1,5 милиони туристи поврзани со натпреварите на „Карамелите“ во текот на една сезона.