Фудбалерот на Евертон, Андре Гомеш на мечот против Тотенхем немаше воопшто среќа, откако заработи страшна скршеница на ногата по стартот на Хеунг-Мин Сон.

Португалецот веднаш беше префрлен во болница, каде што денеска му беше извршен хируршки зафат, а Евертон во официјално соопштение порача дека операцијата била успешна.

„Евертон може да потврди дека Андре Гомеш беше на операција поради скршеница, операцијата беше успешна. Гомеш одредено време ќе мора да се рехабилитира во болница, а докторите ќе внимаваат на него. Се очекува целосно да се рехабилитира. Во име на Андре, клубот сака да им се заблагодари на сите навивачи на големата поддршка“- соопштија од Евертон.