Минатото лето мина во знакот на Елиф Елмас и неговиот трансфер во Наполи, овој јули се чини ќе биде посветен на Енис Барди.

Македонскиот репрезентативец е трансфер цел на повеќе тимови од Европа. Фаворит за неговиот потпис е Арсенал кој нуди 20 милиони евра, не е исклучена и опцијата Фиорентина посериозно да се вклучи во трката за неговиот потпис, но последните вести од Турција најавуваат поразлична динамика.

Според „Фотоспор“ Фатих Терим побарал од раководството на Галатасарај да му го купи Енис Барди а во битката се вклучил и Галатасарај.

Најавата е дека и двата тима од Турција се подготвени да издвојат 20 милиони евра, сума која ја нудат „Топџиите“.