Легендарниот напаѓач од Шпанија, Фернадо Торес го одигра последниот натпревар во кариерата како професионален фудбалер. Тој денеска беше дел од екипата на Тосу во поразот од Висел Кобе од 6:1.

Торес ќе остане запаметен по повеќе неверојатни голови во Шпанија и Англија додека беше дел од Атлетико Мадрид и од Ливерпул како и по неговиот придонес во освојувањето на две Светски првенства и едно Европско со „Црвената Фурија.“