Фудбалската федерација на Македонија им излезе во пресрет на  Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“  во Скопје, откако им ги даде и предаде во трајна сопственост своите три амбулантни возила.

Државата е соочена со последиците од здравствената криза и имајќи ја в предвид сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните на нашата држава, но пред сѐ, нашите здравствени работници, ФФМ ги обезбеди трите амбулантни возила.

Едноставно, ова е време и моменти кои не потсетуваат дека здравјето на луѓето е најважно. Нашата социјална одговорност досега многу пати била потврдена, тоа е еден од важните постулати во работењето на ФФМ и наша должност е да помогнеме со надеж дека ќе придонесеме во ублажување на последиците од оваа состојба“изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Исто така, даночните повластувања кои произлегуваат од Законот за спонзорства и донации, ФФМ нема намера да ги врати, напротив од истиот се откажува во корист на државата и фондот за борба против КОВИД-19.