Агенцијата за млади и спорт на својот веб сајт ги објави сумите кои се доделени на спортските федерации за 2020 година од ваучер програмата.

АМС на Фудбалската федерација не и додели средства за 2020 година иако се наоѓаме пред историски пласман на ЕП во фудбал, не делат две победи.

Според листата најмногу средства доби Ракометната федерација на Македонија, вкупно 22.835,000,00 денари, следува Одбојкарската федерација со 18.688.000,00 денари, трета е Кошаркарската федерација со 16.615.000,00 денари.