Како што тврди „GazzettadelloSport“, постојат реални шанси неделното супер дерби за меѓу Јувентус и Интер во Торино да се игра со присуство на навивачите.

Се разгледува можноста да се „отворат вратите“ за навивачите на пресметката за скудетото тврди „GazzettadelloSport“, постојат шанси да се смени актуената одлука според која поради Коронавирусот средбата треба дасе игра пред празни трибини.

Италијанската фудбалска федерација, ФИГЦ, веќе е во „преговори“ со ресорните министерства да се дозволи присуство на публика за овој фудбалски спектакл во Италија.

Ова е дерби за титулата во калчото, средбата во Италија викеднов е една од најважните сезонава, ФИГЦ размислува да ја смени одлуката во соработка со Владата на Италија и ресорните министерства за Спорт и Здравство.