Македонскиот интернационалец, Филип Глигоров е најновото засилување на Шкупи. Десниот бек по три години се ваќа на „Чаир“.

Глигоров потпише тригодишен договор и посочи дека му се допаѓа проектот на клубот кој ова лето игра во квалификациите од Лига Европа.

„Ме привлече фактот дека ќе играме со Нефчи во Лига Европа. Ќе дадам се од себе за да се изборам за стандардна минутажа иако има сериозна конкуренција.“ – вели Глигоров за официјалниот сајт на клубот.