УЕФА денеска објави дека град домаќин на финалето од Лигата на Европа во 2022 година ќе биде Будимпешта.

Финалниот меч ќе се одигра на новоизградениот стадион „Пушкаш Арена“, која го носи името на легендата на европскиот и унгарскиот фубдал Ференц Пушкаш.

Капацитетот на овој стадион е 67.215 места. Покрај, ова УЕФА одлучи финалето од суперкупот истата година да се одигра на Олимпискиот стадион во Хелскинки.