Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, шести ден се подготовува во местото Рогашка Слатина,во Словенија.

„Црвено-црните“ максимално ги одработуваат подготовките во пресрет на следната сезона од македонскиот фудбалски шампионатот.

Според информациите засега подготовките течат без никакви проблеми, а сите фудбалери максимално ги исполнуваат зададените задачи од страна на стручниот штаб.

До сега Вардар одигра и еден пријателски меч, поточно одигран до 60. минута против Дравиња. Вардар додека имаше водство од 1:0, мечот беше прекинат поради силен дожд. До крајот на подготовките Вардар ќе игра против хрватската Горица, Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати,  Рогашка од Словенија и Касимпаша од Турција.

 

ФОТО: ФК ВАРДАР