Александар Трајковски и покрај тоа што е меѓу најдобрите индивидуалци на последните неколку тренинзи на Мајорка, сепак не е дел од почетниот состав за денешниот натпревар од Селта Виго.

Морено одлучи дека Трајковски сеуште не е подготвен за да започне од првата минута, па нашиот репрезентативец, остана на клупата за резерви. Кубо доби предност во однос на Трајковски.

Мајорка грчевито се бори за опстанок во Ла Лига, дуелот со Сета од 33 коло е еден од клучните во обидот да се спаси сезоната.

Standings provided by SofaScore LiveScore