Поранешниот голман на француската фудбалска репрезентација Бруно Мартини почина во 58 година од животот од срцев удар, соопшти денеска прволигашот Монпеље, каде прославениот голман работеше како помошник тренер.

Мартини беше хоспитализиран откако доживеа срцев удар за време на тренинг минатата недела.

Најголем дел од кариерата го мина во Оксер и Монпеље, а за француската репрезентација одигра 31  натпревари од 1987 до 1996 година.

На местото чувар на мрежата на француската репрезентација го замени Жоел Батс, а своето место потоа му го отстапи на Фабијан Бартез.