Делегација на италијанската фудбалска репрезентација по враќањето од БиХ ја посети Венеција каде поради обилни дождови и поплави во градот е прогласена и вонредна состојба. Нивото на вода достигна 160 сантиметри, но најлошото допрва се очекува.

Покрај Џанлука Вијали во посета беа и претседателот на фудбалскиот сојуз Габриел Гравин, како и голманот Џанлуиџи Донарума.

Вијали, Гравин и Донарума во Венеција облекоа чизми за да помогнат и на граѓаните им покажаа дека се со нив во овие тешки моменти.

„Градот ќе се врати во нормала, како што се опоравува и повреден фудбалер.“ – им порачаа тие на жителите на Венеција.