Кога по четири години пауза конечно ќе успееш да се пласираш меѓу најдобрите осум фудбалски екипи во Европа, тоа мора да го прославиш лудо и до доцна во ноќта. Ова е впечатокот од минатата вечер во Париз по пласманот на ПСЖ во четвртфиналето од ЛШ на УЕФА.

Вака некако изгледаше прославата на играчите и навивачите на тимот кој еднормно троши пари во последните пет години на нови играчи а сеуште не може да се пофали со трофеј од елитата.



По победата над Борусија Дортмунд, сите играчи на ПСЖ го „позравија“ Халанд и во негов стил го прославија прогресот во следната елиминациска рунда во ЛШ. Ова е уште еден доказ дека големината во спортот не се купува со пари…